Храна за куче Sam’s Field Junior Large со пилешко

330.00 ден3,695.00 ден

Храна за куче Sam's Field Junior Large со пилешко – 13кг
3,695.00 ден
Храна за куче Sam's Field Junior Large со пилешко – 1кг
330.00 ден

Опис на производот

Sam’s Field Junior Large е супер премиум храна со 65% пилешко месо, овошје и зеленчук, без пченичен глутен. Наменета е за кутриња и млади кучиња од големи раси и возраст од 3 до 24 месеци. Храната содржи глукозамин и кондроитин за исправен развој на зглобовите и рскавицата. Богата е со пилешки протеини и масти кои се неопходни за раст и развој на мускулната маса. Во храната е содржан оптимален однос на минерали (калциум, фосфор) за исправен развој на скелетот и забите. Збогатена е со витамин B и биотин кои помагаат во растот на здраво влакно, Омега3 и Омега6 масни киселини кои го подобруваат квалитетот на кожата и крзното и бакар кој го подобрува дејствотона ензимите за бојата на влакното.

Храната е произведена од свежо пилешко месо за подобра сварливост, содржи висок процент на масти за да се задоволат енергетските потреби, фрукто-олигосахариди и квасец кои стимулираат развој на добрите бактерии во дигестивниот тракт. Богата е со влакна кои стимулираат подобро работење на цревата, овошје и зеленчук кои се потребни за јакнење на имунитетот, витамин Е кој ја зголемува отпорноста на организмот од болести и бета-каротин како оксидант кој го зајакнува природниот имунитет.

Пилешко месо, кокошкин џигер, компир, пченка, пилешка маст (конзервирана со мешани токофероли, извор на витамин Е), лососово масло, природни вкусови, сушени јаболка, пивски квасец, домати, екстракт од јука, моркови, минерали, глукозамин, хондриотин, дл-метионин, л-лисин, манан-олигосахариди, фрукто-олигозахариди и пробиотици.

Протеин 28%, содржина масти 14%, сирово влакно 2,5%, сирова пепел 6,6%, влага 10%, калциум 1,5%, фосфор 1,1%.

Витамин А (За672а) 26000 IU, Витамин D3 2300 IU, Витамин Е 850 mg, Витамин B1 6,8 mg, Витамин B2 8,5 mg, Витамин B6 6,8 mg, Витамин B12 0,06 mg, ниацин 34 mg, калциум пантотенат 17 mg, биотин 1,0 mg, фолна киселина 0,85 mg, хлоринхлорид 1000 mg, органски цинк 140 mg, органски бакар 20 mg, јод 1,0 mg, органски селен 0,25mg.

Давајте ја сува или делумно навлажнета со вода. Кучето мора да има на располагање доволно свежа вода. Дневната потреба на вашето куче може да се разликува во зависност од околината, големината, староста и оптеретувањето. Препорачаната дневна доза е наведена во табелата за хранење. Да се чува на ладно и суво место.За да ја одржите вистинската кондиција, бидете сигурни дека вашето куче има доволно физички вежби и не добива повеќе храна од препорачаното.

ВОЗРАСТ
(МЕСЕЦИ)
ТЕЖИНА (КГ)
30 40 50 60 70 80 90
2-3 165 255 295 330 365 370 430
3-4 260 290 340 370 410 440 530
4-6 330 360 400 500 545 600 655
6-12 350 375 450 500 570 630 685
12-18 340 365 435 495 565 625 680
18-24 310 350 415 490 560 615 670
24-30 Adult Large 590 645