620.00 ден
Нема на залиха
ADVANTIX ампулата за надворешни паразити се користи кај кучиња од 10 до 25 килограми. Таа е наменета за третман и спречување на инфестации со болви и за третман на вошки кои касаат. Болвите на кучињата угинуваат во тек на еден ден по третманот. Еднократниот третман ја спречува повторната инфестација со болви во времетраење од четири недели. Препаратот може да се користи и како дел од терапевтскиот третман на алергискиот дерматитис предизвикан од болви.
Препаратот има перзистентна акарицидна и репелентна ефикасност против инфестациите со крлежи. Крлежите кои се веќе присутни на кучето може да не угинат во текот на два дена по третманот и да останат закачени и видливи. Поради тоа во текот на третманот се препорачува отстранување на веќе присутните крлежи, со цел да се превенира нивното закачување и земање на крвниот оброк.
Еднократниот третман обезбедува репелентна активност против песочните муви од 2 до 3 недели, против комарците од 2 до 4 недели и против шталската мува во времетраење од четири недели.
Препаратот не смее да се употребува кај кученца помлади од 7 недели или полесни од 10 килограми.
КАТЕГОРИИ