Храна за куче Sam's Field Adult Salmon 2.5 KG со лосос

1,099.00 ден

Опис на производот

Sam’s Field Adult Salmon  е составена од хипоалерген лосос, овошје и зеленчук и е соодветна за хипоалергена диета или за кучиња (над 1 година возраст) со посебни потреби во однос на храната. Храната се препорачува на кучиња кои имаат алергија на протеини и житарки, интолеранција на храна, проблеми со дигестивен систем, проблеми со кожа и крзно, раси со големи барања за нега на крзното(пр. шарпеј, авганистански хрт, далматинец, ласа апсо, чау-чау) или кучиња со бела боја (пр. вестлајндски териер, бел швајцарски овчар, аргентинска дога).

Sam’s Field Adult Salmon има балансиран однос на Омега3 и Омега6 масни киселни за здрава кожа и крзно. Содржи биотин и витамин В кои помагаат во раст на здраво влакно. Збогатена е со бакар кој го подобрува дејството на ензимите одговорни за бојата на влакното.

Месото од лосос се користи за добра сварливост. Содржи фрукто-олигосахариди и квасец кои стимулираат развој на добрите бактерии во дигестивниот тракт. Богата со влакна кои стимулираат подобро работење на цревата.

Протеините од лосос се за превенција од нетолеранција на храна. Sam’s Field Adult Salmon е без глутен, содржи пченка како единствена житарица без глутен и ја намалува можноста од глутенска рекација. Содржи фрукто-олигосахариди и квасец кои ја формираат правилно столицата.

Sam’s Field Adult Salmon има оптимален однос на минерали (калциум и фосфор) за јакнење на скелетот и забите.Збогатен со Витамин D за подобра апсорпција на калциум и фосфор.

Sam’s Field Adult Salmon содржи овошје и зеленчук за јакнење на имунитетот. Збогатена е со витамини А и Е кои ја зголемуваат отпорноста на организмот од болести и го јакнат имунитетот. Содржи бета-каротин како оксидант кој го зајканува природниот имунитет. Оптималниот однос на Омега3 и Омега6 масните киселини ги спречува воспалителните процеси и го јакне имунитетот.

Лосос, компир, пченка, пилешка маст (конзервирана со мешани токофероли, извор на витамин E), лососово масло, природни вкусови, сушени јаболка, пивски квасец, домати,екстракт од јука, моркови, минерали, дл-метионин, л-лисин, манан-олигосахариди, фрукто-олигозахариди, пробиотици.

Протеини 25%, содржина масти 14%, сирово влакно 2,0%, сирова пепел 10%, влага 10%, калциум 1,1%, фосфор 0,9%.

Витамин A 20 000 IU, витамин D3 1 900 IU, витамин E 500 mg, витамин B1 4,5 mg, витамин B2 6,0 mg,витамин B6 5,0 mg, витамин B12 0,05 mg, ниацин 26 mg, калциум пантотенат 13 mg, биотин 0,78 mg, фолна киселина 0,65 mg, хлоринхлорид 780 mg, органски цинк 107 mg, органски бакар 18 mg, јод 0,84 mg, органски селен 0,2 mg.

Давајте ја сува или делумно навлажнета со вода. Кучето мора да има на располагање доволно свежа вода. Дневната потреба на вашето куче може да се разликува во зависност од околината, големината, староста и оптеретувањето. Препорачаната дневна доза е наведена во табелата за хранење. Да се чува на ладно и суво место.За да ја одржите вистинската кондиција, бидете сигурни дека вашето куче има доволно физички вежби и не добива повеќе храна од препорачаното.

ТЕЖИНА (КГ) 5 10 15 20 25 30 40 50 60 70 80 90
ДНЕВНА КОЛИЧИНА НА ХРАНА (ГР. ) 70 120 160 200 240 270 340 400 460 515 570 620