330.00 ден – 3,695.00 ден
Sam’s Filed Adult Large е супер премиум храна со 60% пилешко месо, овошје и зеленчук, без пченичен глутен. Наменета e за возрасни кучиња од големи раси над 1 година возраст.
Храната содржи глукозамин и кондроитин за исправен развој на згобовите и рскавицата, пре-биотици (маннан-олигосахариди и фрукто-олигосахариди) за здрав дигестивен систем, биотин и витамин B кои помагаат во растот на здраво влакно, богата е со Омега3 и Омега6 масни киселини кои го подобруваат квалитетот на кожата и крзното, збогатена е со бакар кој го подобрува дејството на ензимите одговорни за бојата на влакното.
Во производството на храната е користено свежо пилешко месо за добра сварливост, содржи фрукто-олигосахариди и квасец кои стимулираат развој на добрите бактерии во дигестивниот тракт, богата е со влакна кои стимулираат подобро работење на цревата. Храната содржи овошје и зеленчук кои се потребни за јакнење на имунитетот, витамин Е кој ја зголемува отпорноста на организмот од болести и бета-каротин како оксидант кој го зајакнува природниот имунитет.
Пилешко месо, кокошкин џигер, компир, пченка, пилешка маст (конзервирана со мешани токофероли, извор на витамин E), лососово масло, природни вкусови, сушени јаболка, пивски квасец, домати,екстракт од јука, моркови, минерали, глукозамин, хондриотин, дл-метионин, л-лисин, манан-олигосахариди, фрукто-олигозахариди, пробиотици.
Протеини 25%, содржина масти 13%, сирово влакно 2,7%, сирова пепел 6,5%, влага 10%, калциум 1,4%, фосфор 1,0%.
Витамин A 20 000 IU, витамин D3 1 900 IU, витамин E 500 mg, витамин B1 4,5 mg, витамин B2 6,0 mg,витамин B6 5,0 mg, витамин B12 0,05 mg, ниацин 26 mg, калциум пантотенат 13 mg, биотин 0,78 mg, фолна киселина 0,65 mg, хлоринхлорид 780 mg, органски цинк 107 mg, органски бакар 18 mg, јод 0,84 mg, органски селен 0,2 mg.
Давајте ја сува или делумно навлажнета со вода. Кучето мора да има на располагање доволно свежа вода. Дневната потреба на вашето куче може да се разликува во зависност од околината, големината, староста и оптеретувањето. Препорачаната дневна доза е наведена во табелата за хранење. Да се чува на ладно и суво место.За да ја одржите вистинската кондиција, бидете сигурни дека вашето куче има доволно физички вежби и не добива повеќе храна од препорачаното.
ТЕЖИНА (КГ) | 30 | 40 | 50 | 60 | 70 | 80 | 90 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
НА ДЕН (Г ) | 277 | 355 | 415 | 475 | 535 | 590 | 645 |
КАТЕГОРИИ