Испорака

Купувањето преку нашата веб – страница може да ја реализирате од територијата на целата држава, 5Шоп.мк има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Проценетото време за достава, на територија на Скопје и околината е наредниот работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 14 часот. На територија надвор од Скопје – согласно планот за достава на поштенскиот операторот. Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат.

За нарачките чија вредност е помала од 1980 денари купувачот доплаќа 100 денари за испорака на територијата на Република Македонија, за нарачки над 1980 денари доставата е бесплатна.

Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.

Доколку  курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.

При превземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише испратницата и да задржи еден од

примерок за себе како потврда за превземањето.

Купувачот е должен при приемот да направи преглед на нарачката и доколку се работи за оштетена или погрешна пратка веднаш да ја пријави на лицето кое ја доставува пратката.

Доколку нарачката е направена по ? часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.

Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, 5Шоп.мк не може да превземе никаква одговорност.

Доколку не сме во можност да Ви го доставиме нарачаниот производ, ќе Ви биде предложена соодветна замена, или во краен случај уплатените средства ќе Ви бидат вратени.