Враќање и замени

Нашата цел е да бидете комплетно задоволни со производите кои ги купувате. Ако производот е оштетен или не е со добар рок, воопшто не го испраќаме. Сакаме да се чувствувате сигурни во Вашата нарачка!

Доколку не сме во можност да Ви го доставиме нарачаниот производ, ќе Ви биде предложена соодветна замена, или во краен случај  уплатените средства ќе Ви бидат вратени.

Купувачот е должен при приемот да направи преглед на нарачката и доколку се работи за оштетена или погрешна пратка веднаш да ја пријави на лицето кое ја доставува пратката.

Доколку од било кои причини не сте задоволни од испорачаниот произвoд Ве молиме да ни пишете на info@5shop.mk во текот на истиот ден кога е извршена испораката. Купувачот има право да врати купен производ во период од 5 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.

Откако ќе ја разгледаме вашата рекалмација, ако е одобрена ќе ви бидат рефундирани вашите средства или ќе ви биде испратен нов производ.

Рефундирањето на уплатениот износ ќе го извршиме директно на платежната картичка, односно трансакциска сметка од која е извршена првичната нарачка во рок од 14 дена или порано.

 

ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Доколку потрошувачот ја откаже нарачката, по добивање на известување за потврда за нарачката, а пред да се изврши достава, на потрошувачот ќе му бидат вратени средствата на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија (6% од уплатата).

Доколку е направен обид за достава а потрошувачот одбил прием на пратката, на потрошувачот, ќе му бидат вратени средствата на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија (6% од уплатата) и трошоците за достава во износ од 320 денари.

Доколку платена и потврдена нарачка не може да се испорача поради погрешни дадени податоци од страна на потрошувачот (неточна адреса, телефон, емаил), на потрошувачот, ќе му бидат вратени средствата на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија (6% од уплатата) и трошоците за достава во износ од 320 денари.

 

ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

5Шоп.мк не одговара и не врши замена на производ доколку миленикот одбива да ја јаде храната или појавува алергија, повраќање, течна столица и слично од причина што ваквите состојби се индивидуални и не се поврзани со квалитетот на прозиводите.